• Редакција Gol.mk
Македонскиот суперлигаш Радовиш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а на првата прозивка беа речиси сите ракометари на кои ќе сметаат тренерите Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров.
Промени во играчкиот тим веќе има, откако клубот се раздели со со Иванче Ончев, Филип Талески, Роберт Миланов, Виктор Марковиќ, Марко Стојанов и Јован Ѓоргиев, а доведе четири ново имиња.
„По неуспешната прва полусезона, во која за жал сме послледни во Суперлигата, сега сакаме да се поправиме. Започнавме со подготовки, ќе тренираме двапати дневно до 20 јануари. Потоа ќе ја брусиме формата низ тест натпревари и се надевам дека на крај ќе ја оствариме целта да останеме во Суперлигата.
Потегнавме кон реконсутрукција на екипата. Имавме и проблеми со повреди и недостиг на сала за тренинзи, па потребен беше овој рез. Заминаа шест ракометари од ростерот кој играше во есенскиот дел, а дојдоа четири нови имиња, од кои три интернационалци. Работиме на доведување на уште едно засилување и на секоја позиција ќе имаме по двајца ракометари“, рече тренерот Спасе Ѓорѓиев за локалните медиуми.
Радовишани презими на последното место на табелата со само еден бод.