Радовиш го продолжи договорот со Александар Долдуров

Амбициозниот суперлигаш Радовиш продолжува да се екипира за шампионатот 2019/20. Денес, клубот од источниот дел на земјата 
го продолжи договорот со својот долгогодишниот член Александар Долдуров.

Левото крило уште една сезона ќе биде дел од Радовиш и ќе се обиде да го внесе тимот во плеј-офот, што е цела за радовишани следната сезона. 

Кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиоски е единствено ново име кај Радовиш сезонава, а договорите ги продолжија Илиев, Паунов, Ѓорѓиев и Билиќ.