Радовиш го одбрани домашниот терен, Илиев постигна 16 ГОЛОВИ против Прилеп

Во единствениот меч од 13. коло од ракометната Суперлига денес, Радовиш беше сигурен пред своите гледачи и стигна до значајна победа над Прилеп (30-25) во борбата на дното на табелата.

По триумфот на гости на стартот од сезоната, радовишани по вторпат го совладаа денешниот противник и ја прекинаа серијата порази. Се играше изедначено во поголемиот дел од првиот дел, се до завршните пет минути, кога беше изградена разликата од три гола со која што се замина на пауза.

Темпото на игра им одговараше на домашните ракометари, кои одиграа доволно за да ја задржат предноста и да запишат конечна победа од 30-25. Уште еднаш прво име во тимот на Радовиш беше Ивица Илиев, кој постигна 16 голови. Кај поразениот Прилеп се истакнаа Мечевалов со девет и Пеце Ѓеорѓиевски со седум погодоци.  

Колото ќе биде заокружено со утрешниот меч помеѓу Охрид и Борец во „Билјанини извори“.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 10 8 2 0 336:252 84 26
2 Охрид 2013Охрид 2013 10 8 1 1 277:226 51 25
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 8 0 2 278:239 39 24
4 Пролет 62Пролет 62 10 6 2 2 302:263 39 20
5 РадовишРадовиш 10 5 0 5 303:303 0 15
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 10 5 0 5 276:300 -24 15
7 ПелистерПелистер 10 2 2 6 245:264 -19 8
8 РаботничкиРаботнички 10 1 1 8 292:341 -49 4
9 Металург 2Металург 2 10 1 1 8 284:343 -59 4
10 СтругаСтруга 10 1 1 8 228:290 -62 4