Радовиш го обнови договорот и со Органџиев

Екипата на Радовиш продолжува со задржувањето на ланскиот ростер, откако ја обнови соработката со уште еден искусен ракометар. 

По Илиев, Билиќ, Паунов, Ѓорѓиев и Долдуров, радовишани во своите редови го задржаа и бекот Ангелче Органџиев, кој во тимот пристигна во текот на ланската сезона и ги оправда очекувањата на челните лица. 

Радовиш ова лето се засили и со Пеце Ѓорѓиески, а како што информираат од клубот во следните неколку дена ќе бидат промовирани уште неколку засилувања кои ќе значително ќе ги зголемат амбициите на клубот, кој во следната сезона ќе атакува на пласман во плеј-оф завршницата на Суперлигата.