• Саше Љолес

Суперлигашот Радовиш ги започна тренинзите од подготвителниот период пред почетокот на новата сезона во македонската ракометна Суперлига. Тренинзите се одвиваат во „25 мај“ во Радовиш, со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија на клубот.
Нови имиња во клубот се: Мартин Димов, кој игра на позиција десно крило, левиот бек Сиљанов Филип, лев бек и лево крило Илија Табаков кои доаѓаат од Борец од Велес, голманот Даниел Ацев Даниел, како и средниот бек Бобан Каковски. Од управата најавија уште неколку нови играчи кои дополнително ќе бидат објавени.
Радовишани планираат да одиграат и неколку пријателски натпревари пред официјално да започне новото издание на Суперлигата, во кое ќе имаат поголеми амбиции од минатата сезона.
Сезоната во Суперлигата почнува на 6 септември.






