Радовиш доведе нов среден бек, потпиша со Златко Везенковски

Суперлигашот Радовиш доведе големо засилување во своите редови, откако денес објави дека потпиша со средниот бек Златко Везенковски. Ресенчанецот кој минатата сезона настапуваше Охрид потпиша договор на една сезона.

Везенковски, покрај за матичниот клуб, ги носеше и дресовите на Тиквеш, МАКС Струмица и Пелистер. Со своето искуство и квалитет треба да им помогне на радовишани да обезбедат место во плеј-офот на Суперлигата во сезоната 2019/20. 

Десниот бек Филип Николов и кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиески исто така му пристапија на Радовиш во преодниот рок. 

Клубот ги продолжи договорите со Долдуров, Органџиев, Паунов, Билиќ, Илиев и Ѓорѓиев.