Радовиш до трета плеј-аут победа во низа во Струмица

Екипата на Радовиш ја оствари целта, славеше на гости кај Астраион (24-39) и ја забележа третата победа по ред во плеј-аутот во ракометната Суперлига.

  • Комплетниот натпревар меѓу Астраион и Радовиш:

Фаворитот на хартија доминираше од почетокот до крајот и оствари планиран резултат. Астраион и на овој натпревар играше доста подмладен, па не можеше да парира на поквалитетниот тим, предводен од Андон Бошковски.

Дека тимот го чека висок пораз се најави уште на стартот, кога Радовиш предводен од Илиев се одлепи на 3-10. До паузата во салата „Парк“ во Струмица предноста стана двоцифрена (11-22), а второто полувреме иако беше формалност, сепак, Радовиш го зголеми триумфот.

Најефикасен кај радовишани беше Органџиев со седум гола, пред Постолов со пет, додека кај Астраион, Јанковски даде седум гола, а Ефтимов заврши со шест погодоци.

Радовиш има три победи во серија во плеј-аутот, додека Астраион е закован на дното и има само порази.