Радовиќ: Време е еднаш среќата да ни се насмевне сезонава

Бубмејкерите им даваат мали шанси на ракометарите на Еурофарм Работник пред денешното гостување во Португалија против вицешампионот на оваа земја, Спортинг. Тешки беа првите денови од ноември за екипата на Алушовски, а главна цел беше сите ракометари да останат здрави, а потоа да се обидат да откинат некој бод во Лигата на шампионите.

Црногорецот Мирко Радовиќ верува дека време е и среќата да им се насмевне на битолчани сезонава.  

„Верувам дека еднаш среќата ќе ни се насмевне оваа сезона. Игравме толку многу изедначени натпревари, што сметам дека заслуживме во тие егал дуели почесто да се радуваме. Малку сме десеткувани, ни недостигаат ракометари, но не очајуваме, туку верувам дека ќе им парираме на Португалците. Можеби таа растеретеност од императивот за пласман во следната фаза ќе ни биде дополнителна предност“, ни рече црногорскиот репрезентативец.

За разлика од натпреварот во Битола на почетокот на септември, се предвидува дека шанса ќе добие Србинот Марко Вујин, кој дојде од Кил, каде настапуваше скоро цела една деценија.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 8 6 2 0 242:189 53 14
2 СпортингСпортинг 1 8 5 1 2 250:214 36 11
3 СавехофСавехоф 1 8 5 0 3 218:222 -4 10
4 Татран ПрешовТатран Прешов 8 2 1 5 201:230 -29 5
5 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 1 8 2 0 6 219:233 -14 4
6 КоксКокс 1 8 2 0 6 197:239 -42 4