Радовиќ: Се боревме за клубот, за навивачите, за нас, но немавме среќа 

Македонија остана со само еден претставник во СЕХА лигата, откако Еурофарм Пелистер забележа елиминација во осминафиналето, иако славеше над Нексе Нашице со 24-22.

<<< ПОВРЗАНО - Јалова победа на Еурофарм Пелистер, Нексе е противникот на Вардар во СЕХА

<<< ПОВРЗАНО - Вегар: Игравме во пеколна атмосфера, штета што не минавме во четвртфиналето

Десното крило на пелистерци Мирко Радовиќ и се заблагодари на публиката за големата поддршка и напомена дека поради немањето на среќа во клучните моменти остана без четвртфинале.

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во толкав број и нè бодреа во текот на сите 60 минути. Битола е ракометен град, а публиката покажа дека ја знае и разбира оваа игра. Се боревме за навивачите, за клубот, за самите нас, но немавме среќа. Честитки за противникот за одличниот натпревари и пласманот во четвртфиналето“, рече црногорското крило.

Во четвртфиналето, Нексе го чека дуел со бранителот на титулата Вардар на почетокот на месец март.

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: СЕХА ги запозна „Чкембарите“, битолскиот вулкан повторно активен!

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: Атмосфера за чиста десетка, но пелистерци се „сопнаа“ против Нексе