Радовиќ: Покажавме како се гине за репрезентативниот дрес

Постигна два гола во балканското дерби во Грац, но оној вториот беше клучен за историска победа на Црна Гора над големиот ривал Србија, во синоќешниот натпревар во рамки од група А на Европското првенство. 

Мирко Радовиќ, ракометарот на Еурофарм Пелистер е херојот на Црногорците, а по натпреварот десното крило кое повторно гинеше на терен беше пресреќен на големата победа над Србија. 

„Секој момент од овој натпревар беше клучен за нас. Сите го дадовме максимумот. Гиневме за секоја топка, без ралика дали сме во напад или во одбрана. Живееме еден за друг и гинеме за овој дрес, што е најважно. Мислам дека покажавме како треба да се игра и бори за својата репрезентација“, рече Радовиќ по големиот триумф на Србија. 

Со оваа победа Црна Гора ги сочува шансите за втора фаза на овој собир, а истата ќе може да ја потврди во дуелот од третото коло против Белорусија. Србија, пак, е првата селекција која по групната фаза се враќа дома.