ВИДЕО: Радовиќ, Граџан, Стоилов со најубавите СЕХА-голови за декември

Со завршувањето на групната фаза на СЕХА лигата извесни се паровите за осминафиналето и четирите директни четвртфиналисти. Медиа тимот на регионалната лига ги одбра најубавите голови за месец декември, а меѓу нив има неколку „македонски“ голови.

Имено, Мирко Радовиќ и Елмир Граџан од Еурофарм Пелистер и Стојанче Стоилов од Вардар постигнаа ремек-дела кои се најдоа меѓу избраните.

Ако Еурофарм Работник го мине Нексе Нашице, Македонија сигурно ќе има претставник на завршниот турнир, бидејќи во тој случај двата македонски претставници ќе се сретнат меѓусебе во последниот елиминационен филтер.