ВИДЕО: Радовиќ ги смируваше „Чкембарите“ за време на прекинот

Ракометното дерби во Суперлигата на Македонија меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер дојде до прекин уште во првото полувреме, поради однесувањето на двете навивачки групи. По пристигнувањето „Чкембарите“ почнаа да фрлаат пиротехника кон трибината со вардарови навивачи и тоа ги испровоцира „Комитите“. 

Група скопски фанови влетаа на теренот и тргнаа на спротивната трибина, меѓутоа за среќа беа спречени. Битолчани истотака дивееја, полицискиот кордон едвај ги одбиваше нивните налети. Тука на реакција пристигна капитенот Мирко Радовиќ. Црногорецот го зеде микрофонот и откако привлече внимание се обрати на „Чкембарите“, повијувајќи на смиреност. 

Натпреварот по прекин од околу 20 минути продолжи, иако условите за игра и безбедноста не беа во целост обезбедени.