• Зоран Мишевски
По четири години минати во ПИК Сегед, српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ реши да го напушти овој клуб. Брилијантното десно крило мина одлични сезони во унгарскиот тим, освојувајќи ја титулата национален шампион како и Куп-победник, но одлучи дека е време за нови предизвици.
Радивојевиќ уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, има неколку примамливи понуди од големите клубови, па ќе донесе одлука во следните неколку дена. Овој белграѓанин кариерата ја започна во Партизан, веднаш беше препознаен како еден од најголемите таленти во Европа, па доби покана од Љубомир Врањеш и Флензбург, чиј дрес го носеше во 2013 година. За четири години во овој германски клуб го освои и пехарот во Лигата на шампионите, а потоа замина во Рајн Некар Левен, каде помина две години.
Од 2019 година ги брани боите на ПИК Сегед, но дојде време за нови предизвици, кои наскоро ќе ги соопшти.