Радивојевиќ: Сите натпревари треба да ги стартуваме како вечерва второто полувреме

Разочарување од поразот во Кил од 20-23 постоеше и кај Богдан Радивојевиќ, кој заедно со тренерот Бранислав Ангеловски на прес-конференцијата го анализираа дуелот со моќниот првак на Германија.

Српското крило истакна дека Кил ги искористи сите нивни грешки и на крај заслужено славеше уште една победа (29-23).

„Им честитам на ракометарите на  Кил за победата. Ја започнавме средбата лошо, како што кажа тренерот и не би сакал да се повторувам, Од почеток не бевме конституирани и Кил ги искористи сите свои шанси.

Знам дека треба да го дадеме нашиот максимум од почеток до крај, знам дека поубаво игравме во второто полувреме, но треба сите натпревари да ги стартуваме како второто полувреме вечерва“, рече десното крило на битолчани.

Богдановиќ со шест гола беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер, пред Пешевски со четири и Кузмановски и Цехте со по три гола.