Радичевиќ ја „реши“ Унгарија, Русинките редат победи на Мундијалот

Репрезентациите на Црна Гора и Шпанија продолжија во победнички ритам на Светското првенство во Јапонија.

Црногорките минимално ја победија Унгарија (24-25) и стигнаа до третата победа во исто толку натпревари. Јованка Радичевиќ го одигра најдобриот меч на Мундијалот и со осум гола беше најзаслужна за новите бодови на својата селекција.

Во истата група Шпанија рутински им одржа лекција на сенегалските репрезентативки (29-20).

Русија немаше проблеми против ДР Конго (34-13). Русинките исто така имаат до „три од три“, а Манагарова со шест погодоци беше прво име во денешната агзибиција на победничката екипа.

Јужна Кореја се искачи на врвот на групата Б со денешното славје против Бразил (33-27), а Холандија постигна 51 гол во мрежата на Куба (51-23) и ја запиша втората победа на Светското првенство.