Раде Стојановиќ со дебитантот Лука Ѓорѓиевски и без четворица „сениори“ во ЕХФ-неделата

Селекторот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ, го објави списокот на повикани за претстојното Светско првенство за играчи до 21 година кое ќе се одржи во Полска. Ново име е младиот Лука Ѓорѓиевски од младинската екипа на Еурофарм Пелистер, а повратници се Шулевски и Димковски. Заради потребите на сениорската репрезентација на овој собир отсутни ќе бидат Иван Галевски, Александар Петковски, Дамјан Митев и Валентин Карасманакис.

Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. На 8 мај е предвиден натпревар против младинската екипа на Бутел Скопје , а ден подоцна против Вардар 1961 или Пролет 62.

Собирот за претстојното Светско младинско првенстви ќе започне на 5 мај во хотелот „Карпош“ во Скопје.