Раде Стојановиќ: Пристапот кон натпреварот е тајната за победата

„Гладијаторите“, ги запишаа првите три бодови на суперлигашката табела совладувајќи го скопски Работнички со 34-22 во првиот натпревар пред охридската публика во новата сезона. Охриѓани ништо не оставија на случајност и со доминатна игра од почетокот до крајот на мечот ја осигураа првата победа. 

„Ракометарите максимално одговорно и професионално одговорија на моите барања и задачи. Пристапот во натпреварот многу ми се допадна и тука лежи тајната на победата. Поразот од Пролет значеше отрезнување и ни покажа што треба да правиме понатаму. Покрај тимската игра сакам да го пофалам младиот Михаил Иваноски. Иако млад зрело ги изведе седмерците и делуваше многу стабилно во текот на играта. Секој кој има потенцијал во охридската школа ќе добие прилика да тренира со првата екипа, а и еден сигурно да заигра“, изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Убедливиот триумф е добредојден за охриѓани по натпреварот за заборав со Пролет на гостински терен на стартот од сезоната.

„Ни требаше еден ваков триумф со убедлива и доминатна игра после оној лош натпревар со Пролет. Над главата уште ние се вртат прашалници за тој загубен натпревар, но моравме да ги крениме главите и да покажеме дека тоа беше лош ден и ништо повеќе. Сезоната само што започна и допрва ние ќе ја креваме формата и ќе покажиме најдоброто како екипа. Ни следуваат неколку супер-предизвици на кои ќе треба позитивно да одговориме“, потенцираше пивотменот Иван Тасески.

Во третата рунда, амбициите на Охрид ќе бидат на сериозен испит во Битола, каде ќе ги одмери силите со Пелистер.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1