Раде Стојановиќ ја прекинува паузата, има понуда да се врати во Словенија!

Името на Раде Стојановиќ повторно е актуелно во Словенија, откако се појавија шпекулации дека некогашниот македонски репрезентативец е пред враќање во тамошниот елитен ракомет. Имено, според нашите информации Стојановиќ има понуда за преселба во редовите на Ајдовшчина, клуб кој што се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Словенија. 

Целта на клубот за оваа сезона е враќање во елитата, a токму на тој пат е по половина од шампионатот. Ајдовшчина бележи позитивни резултати сезонава и е на второто место на табелата, но неочекувано е во потрага по нов тренер. Досегашниот, Дарко Тавриќ, поради лични причини се реши да го напушти кормилото на тимот. 

Македонскиот тренер е еден од кандидатите за наследник на Тавриќ, и на маса веќе има понуда од Словенија, но засега е неизвесно дали ќе ја прифати или не. Словенија е добро позната средина за Стојановиќ, затоа што и како и играч и како тренер ги бранеше боите на Тримо Требње

Во својата тренерска кариера досега беше на чело на Металург, Охрид и Тиквеш во Македонија, а имаше и кратка авантура во Катар