Раде Стојановиќ доби засилување во стручниот штаб на Охрид 

Филип Јовановски, долгогодишниот предводник на женскиот ракометен клуб Лихнид, во следната сезона ќе има нов предизвик, затоа што доби место во стручниот штаб на Охрид. 

Поранешниот ракометар на охридскиот клуб ќе ја има улогата на помошник тренер на Раде Стојановиќ, кој од ова лето го презеде амбициозниот клуб од покрај езерото. 

Охрид веќе со засилено темпо е активен на трансфер-пазарот, доведе неколку квалитетни засилувања, а ги задржа и најдобрите од ланската сезона. 

Наскоро, Стојановиќ ќе го одржи и првиот собир со новите ракометари со кои ќе проба да го одведе тимот во плеј-офот на Суперлигата.