Работнички го назначи Велимир Мицевски за нов тренер во Суперлигата

Еден од клубовите кои последни се екипираа во машката Суперлига е новајлијата Работнички од Скопје. Клубот именува нов тренер и во елитната категорија дебармаалци ќе ги води Велимир Мицевски.

Некогашниот тренер на Спартак доаѓа на местото на Ристо Трпчевски, кој ја внесе екипата во елитната категорија. Ракометарите на Работнички секојдневно тренирааат во СРЦ “Кале”, а веќе започнаа и со одигрување на првите пријателски средби.

Свртинов, Темелковски и Гичев се единствени новајлии во досегашниот дел на претсезоната. 

Целта на Работнички е опстанок во лигата, што воопшто нема да биде лесно во силната конкуреција во сезоната 2019/20.