• Зоран Мишевски
По победата против Вардар 1961, ракометна Битола се подготвува за уште еден спектакл. Во Битола доаѓа шампионот на Франција, ПСЖ, предводен од Никола Карабатиќ и пораенешниот македонски селектор Раул Гонзалез.
Битолскиот клуб веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот со францускиот тим и за краток период се очекува да биде распродадена салата „Боро Чурлевски“. Поединечните билети се по цена од 450 денари (странични места на трибините) и 550 денари (централни места на трибините.
Од Еурофарм Пелистер истакнаа дека сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра на 14 февруари, со почеток од 18:45 часот