Пулените на Вујо разочараа во вториот дел, Флензбург продолжува без пораз во ЛШ

Германскиот првак Флензбург и по четири натпревари во Лигата на шампионите не знае за пораз. Третата победа, можеби најтешка сезонава, ја извојува пред своите гледачи против жилавиот ППД Загреб (20-17) предводен од Веселин Вујовиќ.

Хрватскиот шампион постојано беше во предност и одигра еден од подобрите натпревари во новата сезона. Првиот дел донесе егал, а неефикасноста продолжи во вторите 30 минути. 

Мечот не изобилуваше со атрактивни моменти, а двете екипи потфрлија во нападот и одиграа меч со малку голови. Првата разлика од два гола во корист на домаќинот пристигна дури во 52. минута. Во најлош момент „плинарите“ направија неколку технички грешки и му дозволија на противникот да се одлепи и да стигне до нов триумф на европска сцена.

Гола со пет и Јоханесен со три погодоци беа најзаслужни за победата на Флензбург. Кај Хрватите се истакна крилото Хорват со пет реализации. 

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3