• Редакција Gol.mk

Во амбиент каков што немало оваа година на нашите спортски терени, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 уште еднаш покажаа зошто ова дерби е најголемото балканско ривалство и дуелот кој го гледа цел регион и за многу нешта ни се одушевува.
Атмосферата во битолскиот „пекол“ беше електризирана, „пукнаа“ децибелите од гласност. И младо и старо обоено во зелено-бело ја наполнија салата уште еден час пред почеток на натпреварот и лудо го поддржуваа својот тим. Амбиентот беше комплетиран со доаѓањето на „Комитите“, кои против себе имаа никогаш побројна „зелена армија“ на „Чкембарите“.
Декорот со навивачките песни, транспаренти и силни емоции изобилуваше во текотна сите шеесет минути, а повеќе храброст и среќа имаа гостите од Скопје.
На почетокот на јуни во Скопје веројатно ќе биде побројно и исто вака емотивно, бидејќи тогаш може да се решава и новиот шампион, а веројатно ќе се доделува и шампионскиот пехар.




















