ФОТО: Пукна инцидент на вечното дерби меѓу „Комити“ и „Чкембари“!

Инцидент се случи на големото ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, веднаш по моментот кога гостинските навивачи влегоа во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар има голема поддршка од трибините. „Комитите“ ја исполнија салата, а на спротивната страна стационирани се „Чкембарите“. Битолчани влегоа на самиот старт на натпреварот и веднаш се подгреа атмосферата.

Во еден момент се случи и инцидент меѓу двете навивачки групи кога дојдоа во близок контакт, по неколку провокации, а полициските службеници со потешкотии реагираа според планот и спречија истиот да ескалира, иако заштитната ограда меѓу трибините беше скоро срушена.

За време на немирите на трибините, на терен летнаа тврди предмети, исто така се користеше и пиротехника.