• Горан Упале

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 моќно ја затвори групната фаза во Лигата на шампионите. По победите над Монпелје и ППД Загреб, на менито на четата на Давид Дејвис следеше норвешкиот шампион Елверум, кој за дома се врати со убедлив пораз од 39-30.
Томовски блескаше на голот, но водечка алка на „црвено-црните“ беше Тимур Дибиров, со седум погодоци и една вистинска атракција. Во самиот финиш од натпреварот рускиот ас постигна магичен погодок, откако со пируета од позиција на кружен напаѓач ја затресе гостинската мрежа.
- Атрактивниот гол на Дибиров против Елверум:
Во осминафиналето, ривал на Вардар ќе биде тимот на Веспрем.