ПСЖ втора сезона по ред испадна во раната фаза на ЛШ!

Супер-богатиот Пари Сен Жермен никако да ги оправда очекувањата. Францускиот гигант ги заврши настапите во Лигата на шампионите во раната плеј-оф фаза, откако одигра нерешено со Веспрем на домашен терен (35-35) и испадна заради поразот во Унгарија.

Првиот меч заврши со висок триумф на унгарскиот гигант, па за ПСЖ овој меч беше важен само ако тимот успееше да избега на висок плус во раната фаза. Такво нешто немаше, на паузата беше 20-18.

Најдобар играч кај ПСЖ на овој меч беше Камил Шипжак со десет гола, пред Омар Јахја со девет гола, додека кај Веспрем, Недим Ремили имаше седум, а Елсајед погоди шест пати.

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Веспрем ќе се соочи со Фуксе Берлин.