ПСЖ суверено ја освои деветтата француска титула по ред!

Со победата над Нант со 35-32, Пари Сен Жермен ја одбрани титулата во францускиот ракометен шампионат, освојувајќи го деветтиот трофеј во низа, вкупно десетти во клупската историја. 

За разлика од претходната сезона кога со единаесет бода му побегна на својот најблизок ривал Нант, овојпат во директна пресметка се решаваше кој ќе го освои пехарот, а дербито ги остави гостите од Нант без шанса да бараат „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите, со оглед на тоа што Монпелје заврши на второто место.

На четвртото место заврши Шамбери и обезбеди пласман во Европската лига на ЕХФ. Поранешниот клуб на Обрван и Брестовац славеше против Лимож со 31-27, со одличен настап на Филип Ивиќ. Хрватскиот голман сопре дури осумнаесет противнички топки.

Истр и Селестат испаѓаат од лигата, а во елитата влегуваат Дижон и Саран.