• Мартин Танасковски

Екипата на Пари Сен Жермен одигра фантастичен натпревар и со феноменален кам-бек го победи Веспрем (37-35) и така со победа ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите.
Тимот на Раул Гонзалез во еден момент губеше со девет гола (7-16), но во вториот дел забележа блескав пресврт. На крајот, „светците“ славеа со два гола, а Пранди со седум и Мате со шест гола беа најдобри кај победникот. Кај Веспрем, Пелшамбек имаше осум, а Лауге седум гола.
ПСЖ оди како лидер во нокаут-рундата, директно во четвртфиналето, додека Веспрем ја заврши групната фаза како трет. Пред него е Магдебург.
ГОГ Гудме дома го победи ППД Загреб (33-29) во меч во кој доминираше уште од самиот почеток. Доказ за доминацијата е водството од 20-12 на полувреме. Најдобар кај ГОГ беше Толбринг со пет гола, а Питлик и Јоргенсен дадоа по четири, додека кај „плинарите“, Дибиров даде осум гола.