ПСЖ си заврши работа со Елверум, Сегед поблиску до Вардар

Францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен очекувано го совлада Елверум (31-25) и се врати на второто место на табелата во групата од Лигата на шампионите.

„Светците“ на Раул Гонзалез доминираа, а добро ја имаа прочитано и играта „седум на шест“ на норвешкиот тим кој фосираше да игра без голман. Дека ПСЖ ќе триумфира на оваа средба беше јасно уште по првото полувреме по кое фаворитот водеше со 17-13.

Најдобар кај ПСЖ беше Сагосен со осум гола, а Лука Карабатиќ имаше пет, додека кај Елверум, Федериксен заврши со шест гола.

Сега поблиску до дуел со Вардар е ПИК Сегед, затоа што унгарскиот вицепрвак во последното коло гостува кај Барселона, а ПСЖ ќе игра со ППД Загреб.

<<< ПОВРЗАНО - Ако нема изненадување: Вардар со ПСЖ или ПИК Сегед во осминафиналето на ЛШ

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3