• Горан Упале
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, објави дека ја започна продажбата на билети за натпреварот против европскиот гигант ПСЖ, кој ќе се одигра во рамки на тринаесеттото коло од Лигата на шампионите.
Битолчани за последен пат сезонава во елитата на свој терен ќе излезат на мегдан со еден од најдобрите екипи во Европа, а тоа е причина плус за љубителите на ракометот да ја исполнат салата „Боро Чурлески“ до последното место.
ПСЖ врза две победи во групата Б, и како огромен фаворит ќе допатува во Битола, каде сигурно ќе ја почувствува пеколната атмосфера од трибините. Натпреварот ќе се одигра на 04 март во 20:45 часот.
Влезни билети за натпреварот можат да се купат на ОВОЈ линк, како и на неколку продажни места во Битола.








