ПСЖ по службен пат ги доби бодовите со ПИК Сегед

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) мораше да одлучи за исходот на уште еден натпревар во Лигата на шампионите. Овој пат, од ковид-19 ситуација профитира ПСЖ.

Унгарски ПИК Сегед не играше со германски Флензбург поради позитивен случај, па бодовите ги доби бундеслигашот.

Тимот нема да може да патува и на гостувањето кај Пари Сен Жермен кое беше предвидено на 4 март поради строгите правила во земјата, па така, бодовите од овој дуел ги добија „светците“.

ПИК Сегед загуби два службени натпревари во низа, па унгарскиот тим е далеку од најдобрите во групата во Лигата на шампионите.