ПСЖ немаше проблеми со Целје, следува мега-пресметка со Кил

Целје

ПСЖ уште еднаш беше поуспешен од Целје Пивоварна Лашко (31-24) и се најде во уште едно четвртфинале во Лигата на шампионите.

Тимот на Раул Гонзалез имаше полесен тренинг на денешната средба. Противникот одигра за чест, со оглед на високкиот пораз на домашен терен и во ниту еден момент не беше опасност за домашните ракометари.

Парижани имаа можност да ротираат и да чуваат сили за остатокот од сезоната. На пауза заминаа со 14-12, а потоа рутински го комплетираа двомечот против словенечкиот клуб.

Наи со седум и Ремили со пет погодоци беа најдобри кај францускиот тим, а за Целје се истакнаа Хозен и Госељ со по пет гола.

Победата значи дека ПСЖ ќе игра дерби со Кил за место на завршниот турнир во Келн.