ПСЖ му фрли око на вардарецот Сташ Скубе

Словенечкиот репрезентативец Сташ Скубе би можел да заврши во редовите на францускиот гигант Пари Сен Жермен затоа што од таму силно го посакуваат во својот тим, за две сезони.

„Светците“ го меркаа Лука Циндриќ, но откако е се повеќе јасно дека тој нема да го засили францускиот тим, управата се сврте кон Скубе, кој игра одлично оваа сезона и е еден од „моторите“ во тимот на Вардар.

Доколку се реализира трансферот, Скубе би пристигнал во ПСЖ од сезоната 2020/21 и би бил вториот вардаров ракометар од актуелниот ростер кој оди во тимот на Раул Гонзалез, по Даинис Кристопанс.

Словенечкиот репрезентативец дојде во Вардар во 2018 година од унгарски ПИК Сегед, а претходно настапуваше за домашните тимови Горење Велење и Тримо Требње.