ПСЖ му даде 23 гола на Порто во едно полувреме и впиша нова лесна победа во ЛШ

Ракометарите на Пари Сен Жермен по поразите од Барселона и Киелце, конечно врза две победи во Лигата на шампионите, откако на доминантен начин со 30-39 го совладаа составот на Порто.

Во Португалија, момците на Раул Гонзалез одиграа неверојатно прво полувреме против „змејовите“, во постигнаа дури 23 гола и си обезбедија позитива која што беше недостижна за домаќинот. Сипжак и Рамили беа расположени за голови, а меѓу стативите фантастичен беше Жерард, па ПСЖ на полувреме замина со комотна позитива од осум гола (15-23). 

Во вториот дел темпото на парижани очекувано спласна, а тоа донесе нешто повозбудлив натпревар и израмнета борба на паркетот, а Порто на крај мораше да се задоволи со пораз од девет гола разлика (30-39).

Сипжак со девет гола беше најефикасен на мечот, Ремили имаше седум, додека кај Порто Круз реализираше пет пати. Македонскиот репрезентативец Никола Митревски на голот на Порто забележа три интервенции.