ПСЖ ќе мора без Никола Карабатиќ против Вардар?

Пари Сен Жермен дојде до нова победа во францускиот шампионат, ама се соочи со голем хендикеп затоа што остана без услугите на еден од најдобрите ракометари, Никола Карабатиќ.

Французинот при еден доскок згазна лошо и го свитка десното колено. 36-годишникот веднаш го напушти теренот, а во ПСЖ стравуваат од потешка повреда. Сепак, деталите за повредата ќе бидат познати в понеделник.

ПСЖ во следниот период има незгоден распоред. Во претстојната седмица игра со Киелце во ЛШ, потоа три дена подоцна со Трембли во шампионатот, па потоа следи домашен натпревар со Вардар.

Лидери на екипата на средбата во отсуство на Карабахиќ беа Микел Хансен и Хенрик Тофт Хансен.