ПСЖ ќе го намалува буџетот за шест милиони евра

Заминувањето на Микел Хансен изненади многумина, но за овој потег на Данецот има добра причина.

Имено екипата на ПСЖ планира значително да го намали буџетот за наредната сезона. Од сегашните 18, истиот ќе падне за шест милиони, односно за трошоци за плати на играчи ќе се изсвојува 12 милиони евра.

Неколку клучни играчи ќе останат без нови договори, токму поради оваа одлука на управата. Хансен и Карабатиќ добиваат најголемо парче од финансискиот „колач“ во француската престолнина.

Ремили, голманите Жерард и Женти имаат соработка со „принцевите“ до 2022 година. Сигурно дека ќе добијат понуда со поинакви услови од очекуваните, поради кризата предизвикана од пандемијата.

Данскиот „бомбардер“ во наредните три сезони ќе ги брани боите на Алборг.