ПСЖ ја продолжи соработката со Н'Танзи, па веднаш го испрати на позајмица

Младинскиот репрезентативец на Франција, Саду Н'Танзи, ја продолжи соработката со екипата на ПСЖ.

20-годишникот стави потпис на нов двегодишен договор, но веднаш замина на позајмица. Остатокот од сезоната ќе го одигра во редовите на Тулуз.

„Тоа е нов предизвик што започнува за мене. Во Тулуз ќе се фокусирам на давање најдобро од себе за да придонесам за успехот на мојот нов тим. Едвај чекам да се сретнам со соиграчите и да дознаам што ме чека. Условите се исполнети за да продолжам со напредокот и да ја збогатам мојата игра“, изјави Н'Танзи.

Во редовите на ПСЖ пристигна Лук Стеинс, кој ќе се обиде да ја пополни празнината која ја остава повредениот Никола Карабатиќ.