ПСЖ ја освои петтата во низа, а Раул првата титула во францускиот шампионат

ПСЖ

Со гостинската победа кај Аикс, бранителот на титулата во Франција, ПСЖ, успеа да стигне до нов шампионски трофеј, петти во низа во домашното првенство.

Ракометарите го обезбедија првото одличје за Раул Гонзалез на четири кола до крајот со победа од 20-29. Успехот доаѓа четири дена по елиминацијата во Лигата на шампионите од страна на полски Киелце

Со 43 поени, сега „светците“ имаат недостижни осум бода повеќе од Нант на Кирил Лазаров.

По доаѓањето на катарските инвеститори во 2012 година, ПСЖ има освоено шест национални првенства, три титули во Купот на Франција и три трофеи во Лига Купот.

Наредната сезона ќе донесе неколку промени во редовите на францускиот гигант. Во пензија ќе замине Тјери Омејер, а од клубот ќе си заминат Уве Генсхајмер и Лука Степанчиќ.