ПСЖ ја има замената за Карабатиќ, доаѓа Петар Ненадиќ

Еден од најдобрите ракометари на Балканот, Петар Ненадиќ, ќе се пресели во Париз и ќе игра за тимот на Пари Сен Жермен, објави „Хендбол планет“.

Ненадиќ се раздели со Веспрем по несогласувања со тренерот Момир Илиќ. Двете страни го прекинаа договорот и Србинот како слободен агент бара нов клуб. Се споменуваше Динамо Букурешт како најсериозна варијанта, но сега во игра е ПСЖ кој бара замена за Никола Карабатиќ, кој е повреден. Останува дилема дали Ненадиќ ќе игра за „светците“ до крајот на оваа сезона, или до крајот на оваа и цела следна сезона.

Србинот дојде во Веспрем во 2018 година од Фуксе Берлин и во период од пет години го освои унгарскиот шампионат, Купот на Унгарија и три титули во СЕХА-лигата. Настапи на 208 натпревари, на кои даде 803 гола.