ПСЖ го задржа капитенот уште две сезони

Од следната сезона само еден Карабатиќ ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен. Никола оди во пензија, а Лука ќе го гледаме најмналку уште две сеозни.

Раководството на ПСЖ и 36-годишниот Лука Карабатиќ се договорија на двегодишна соработка, па така кружниот напаѓач во тимот на Раул Гонзалез ќе остане најмалку до јуни, 2026 година.

ПСЖ во првото коло од Лигата на шампионите ќе гостува кај Еурофарм Пелистер на 11/12 септември во Битола, додека во последното на 5/6 март 2025 година двете екипи ќе се сретнат во Париз.