• Мартин Танасковски

Летонскиот ракометар Даинис Кристопанс ќе си замине од редовите на Вардар и ќе го засили француски Пари Сен Жермен, но супер-богатиот клуб притиска да го донесе вардарецот порано од предвиденото.
Според првичниот договор, Кристопанс треба да оди во ПСЖ од јуни, 2020 година. Но, тимот кој е предводен од Раул Гонзалез го посакува ракометарот една година порано. „Светците“ притискаат трансферот да се реализира порано од предвиденото и Летонецот да се приклучи на ПСЖ по крајот на актуелната сезона.
„Џинот“ кој е висок 215 сантиметри и настапува на десната бековска позиција е еден од најдобрите ракометари на Вардар оваа сезона. Останува да видиме дали двете страни ќе се договорат и преминот на Кристопанс во ПСЖ ќе се реализира по крајот на оваа сезона.
Кристопанс во редовите на Вардар пристигна од белорускиот тим Мешков Брест, како замена за Алекс Душебаев.