ПСЖ го „преживеа“ Спортинг, Веспрем слави кај Висла

Ракометарите на ПСЖ славеа во драматичен меч против Спортинг со 30-28 (16-14) во седмата рунда на Лигата на шампионите. Домаќинот во Париз водеше цел меч, а на крајот мораше да спасува победа против португалскиот ривал. Првиот дел беше релативно поизрамнет и највисокото водство беше три гола, но најчесто беше еден-два. Во продолжението ПСЖ стекна и највисоки 25-20, меѓутоа потоа следеше пад и драма која момците на Раул Гонзалез ја добија. 

Со по шест гола се истакнаа Омар, Шипшак и Пранди во ПСЖ, а исто толку даде и Гури од Спортинг.

Триумф забележа и Веспрем на гостувањето кај Висла во Плок со 24-27 (10-12). Слично како и во Париз, фаворитот диктираше темпо и водеше речиси од почеток до крај. Имаше Висла налет за добар резултат во финишот, но не успеа во својата намера.

Миха Зарабец беше најдобар стрелец со десет гола, додека кај Веспрем се истакна Елисон со седум.