ПСЖ го прегази Киелце и продолжи со победите во ЛШ

Францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен славеше во дербито над Киелце (37-26) и ја продолжи победничката низа во Лигата на шампионите.

„Светците“ на Раул демонстрираа доминација во градот на светлината и избраниците на Талант Душебаев немаа шанси да дојдат до позитивен резултат. Дека ПСЖ ќе слави убедливо на овој меч беше јасно уште на полувремето, кога на семафорот стоеше 19-10 за домашните.

Најдобри кај стрелците беа Хансен и Стаинс со по шест гола, а Пранди имаше пет, додека кај полскиот шампион Сичко и Алекс Душебаев стрелаа по пет пати, ама не успеаја да помогнат.

За ПСЖ ова беше четврта победа по ред во Лигата на шампионите, па тимот има 12 бода и е на третото место. Киелце останува лидер со 17 бода, но ќе падне ако Флензбург слави во следните натпревари.