• Зоран Мишевски
Францускиот ракометен репрезентативец Дилан Наи официјално потпиша договор со ПСЖ, каде што ќе се врати по завршувањето на претстојната сезона. Наи потпиша четиригодишен договор кој ќе трае до 2031 година.
Левото крило ќе му се приклучи на парискиот тим од летото 2027 година. Пред да се врати во Франција, тој ќе ја одработи својата шеста и последна сезона во полскиот шампион Киелце.
Дилан Наи потекнува од младинската школа на Пари Сен Жермен и играше за првиот тим сè до неговото заминување во Полска во 2021 година. Овој потег е дел од големиот проект на ПСЖ за 2027 година, кој вклучува и доаѓање на нов тренер (Роберто Гарсија Парондо) и на германскиот бек Ренарс Ушчинс.
