Првото коло на СЕХА лигата ќе започне со едноминутно молчење

Вечерва започнува новата сезона на СЕХА лигата, откако во Нови Сад ќе се сретнат екипите на Војводина и Нексе Нашице, меч кој ќе започне со едно минутно молчење.

Попладнево, раководството на регионалното натпреварување донесе одлука сите натпревари од првото коло да започнат со едноминутно молчење, со кое ќе се оддаде почит за Адалаида Мешков – сопруга и мајка на основачите на Мешков Брест,  Анатолиј, Александар и Сергеј.

Адалаида својот живот го загуби во текот на вчерашниот ден, а поради оваа трагедија дуелот меѓу Мешков и Веспрем ќе мине и без забавни делови во паузите.