Прво дерби за титула: Салата полна, „Комити“ во луда бројка! (ФОТО)

Се е подготвено за старт на големото дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, прво за титулата на домашната сцена.

Трибините се полни, салата СЦ „Јане Сандански“ во целост е распродадена. „Комити“ се тука во завидна бројка, како во најдобрите денови кога Вардар играше во Лигата на шампионите. Ова е можеби најпосетениот домашен натпревар на „црвено-црните“ на домашната сцена.

Се чекаат гостинските навивачи „Чкембарите“ за се да биде комплетно.