Првиот ривал на Македонија ја поправи сликата и ја надигра Србија

Ракометната репрезентација на Унгарија е противник на Македонија на Светското првенство (СП) кое се игра овој месец. Тимот продолжи со пријатлеските натпревари и забележа триумф над Србија (28-23).

Претходниот меч на овие две селекции заврши нерешено (31-31), меѓутоа на овој дуел Унгарците покажаа далеку подобра игрра. Србија имаше контрола на резултатот само 15 минути, а се останато беше во знакот на ривалот.

Мечот беше во егал до 5-5, а откако со голот на Банхиди, Унгарците поведоа, до паузата доминираа. На полувреме тимот замина со висока предност од 15-8, а во вториот дел најблиску што Србите успеаја да дојдат беше на 20-16.

Најдобар стрелец кај Унгарија беше Банхиди со шест гола, додека кај Србија, Пехмалбек постигна исто така шест.