Првиот човек на ИХФ гостин на Мукаетов на светскиот ракометен настан во Скопје

Првиот човек на Светската ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа, е гостин на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на шампионатот кој се одржува во Скопје.

Главниот град на Македонија е домаќин на најдобрите светски селекции до 20 години. На Светското првенство (СП) за ракометарки до 20 години во моментов се игра четвртфиналната фаза, а Мустафа е гостин во двете сали.

Првиот човек на ИХФ во друштво на првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, како и генералниот секретар Филип Милошевски, го следеше дуелот на Македонија и Јужна Кореја во СЦ „Борис Трајковски“, а потоа пристигна во СЦ „Јане Сандански“ на мечот Данска - Португалија.