Првиот човек на ЕХФ со демант за Червар: Судиите не „решија“ ниту еден меч на ЕП

Ракометарите на Хрватска го загубија финалето на Европското првенство, од Шпанија со резултат 22-20. Селекторот Лино Червар ги обвини македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, дека ја оштетиле неговата селекција во финалето. 

Еден вид на демант стигна од претседателот на ЕХФ, Мајкл Видерер зборуваше дека шампионатот бил целосен успех и нагласи дека на ниту еден резултат не влијаеле судиите. 

„Одлуката за зголемување на бројот на учесници беше исправна и првенството донесе голем успех. Тоа беше одлична реклама за ЕХФ и ракометот. На ниту еден резултат директно не му влијаеа судиските одлуки. Во овој спорт одлуките доаѓаат во краток временски рок, што е голем предизвик за арбитрите. Помошта од видео технологијата, беше на располагање и се покажа како одлична“, меѓу другото изјави Видерер. 

Хрватска не успеа да дојде до единствениот медал кој и недостига, а Червар беше прилично јасен и во неколку наврати ги обвини судиите. Сепак, ситуацијата која тој ја коментира како погрешна одлука, беа повеќе чекори од Игор Карачиќ, што јасно се гледа и од повторената снимка. 

Следниот Европски шампионат ќе се одигра за две години, а домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка