Првичен распоред во ЛШ: Пелистерци ќе тргнат дома со ПСЖ, па одат во Каталонија

Еурофарм Пелистер ја доби групата за претстојната сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион влета во групата Б и ќе се судри со Висла Плок, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, ПИК Сегед и Загреб

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен првичен распоред. Според него Еурофарм Пелистер на стартот би тргнал на домашен паркет против ПСЖ, а потоа му следува гостување во Барселона, па домашен меч со ГОГ и гостување во Висла...

  • Првичен распоред за македонскиот првак во ЛШ:

1. коло: Еурофарм Пелистер - ПСЖ (10/11 септември 2025)
2. коло: Барселона - Еурофарм Пелистер (17/18 септември 2025)
3. коло: Еурофарм Пелистер - ГОГ Гудме (24/25 септември 2025)
4. коло: Висла Плок - Еурофарм Пелистер (08/09 октомври 2025)
5. коло: Еурофарм Пелистер - Загреб (15/16 октомври 2025)
6. коло: Магдебург - Еурофарм Пелистер (22/23 октомври 2025)
7. коло: Еурофарм Пелистер - ПИК Сегед (12/13 ноември 2025)
8. коло: ПИК Сегед - Еурофарм Пелистер (19/20 ноември 2025)
9. коло: Еурофарм Пелистер - Магдебург (26/27 ноември 2025)
10. коло: Загреб - Еурофарм Пелистер (03/04 декември 2025)
11. коло: Еурофарм Пелистер - Висла Плок (18/19 февруари 2026)
12. коло: ГОГ Гудме - Еурофарм Пелистер (25/26 февруари 2026)
13. коло: Еурофарм Пелистер - Барселона (04/05 март 2026)
14. коло: ПСЖ - Еурофарм Пелистер (11/12 март 2026)

Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026

Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026

„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026

Инаку, Европската ракометна федерација - ЕХФ во наредните денови треба да го креира официјалниот распоред, а обично во него има промени поради телевизиските права, дерби натпреварите и слично.